Ираола го загуби првиот меч на „Енфилд“ како тренер на Ливерпул (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул беа поразени со 2-3 од Монако во пријателски натпревар одигран на „Енфилд“, а тоа беше прв пораз за новиот тренер Андони Ираола на домашен терен.

Ливерпул имаше одличен почеток на натпреварот и по половина час игра водеше со 2-0 со головите на Александар Исак и Флоријан Вирц, додека Монако од пенал преку Александар Головин намали на 1-2 во финишот на полувремето.

Монако на стартот на вториот дел израмни со голот на Мика Бирет, додека во финишот од средбата Парис Брунер стрелаше за пресврт (3-2).

Сите голови од натпреварот може да ги погледнете ТУКА.

Фото: Liverpool FC