Интер ја одби понудата на ПСЖ за Икарди

ПСЖ ќе мора да понуди повеќе пари доколку сака целосно да го откупи договорот на Мауро Икарди од Интер. 

Францускиот клуб вчера понуди 50 милиони евра обештетување и плус 10 милиони во бонуси, но „нераѕруите“ сакаат поголема сума. Тие бараат 60 милиони евра, плус 10 милиони во бонуси со што ќе се исполни неговата откупна клаузула од 70 милиони што претходно беше договорена помеѓу двата клуба за време на позајмицата.

ПСЖ веќе плати 13 милиони евра за едногодишната позајмица и целосно ја покрива неговата плата. Изминатава сезона Аргентинецот постигна 20 голови на 31 натпревар во сите конкуренции.