Интер има план - Б ако не го донесе Лукаку

Новинарот на германски „Скај Спорт“, Марк Беренбек, изјави дека Интер подготвува понуда за Анте Ребиќ во случај да пропадне трансферот со Ромелу Лукаку.

Ова е втор извор кој денеска ја потврдува оваа приказна, откако претходно истото го направи и италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марсио.

Ребиќ е Б - план на Интер за во нападот, бидејќи има искуство со играњето во Серија А, во тимот на Фиорентина, а во Ајнтрахт од Франкфурт успеа да го развие својот талент, напиша Ди Марсио, а го објавија повеќето британски медиуми.