Интер го доби дербито со Наполи, но загуби двајца фудбалери

Поранешниот италијански шампион Интер освои големи три бода во дербито против Наполи, но по натпреварот доби лоши вести, односно остана без двајца фудбалери.

Стефан Де Вриј и Дензел Думфрис се повредиле и ќе мора да паузираат околу три недели, објави „Скај Спорт Италија“.

Думфирс досега постигна два гола и четири асистенции во 16 настапи за „нераѕурите“, додека Де Вриј одигра 17 меча за Интер во сите натпреварувања.