Интер гази сè пред себе: Џенова и Пандев немоќни на „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)

Интер не планира да го препушти врвот во Серија А па по денешната победа од 3-0 против Џенова во 24.коло ја зголеми предноста на табелата на седум бодови во однос на Милан, кој вечерва игра дерби на гостински терен против Рома. 

Ромелу Лукаку феноменално го отвори натпреварот откако погоди за 1-0 по само триесетина секунди игра. Белгиецот беше асистент на вториот гол во 69.минута што го реализираше Матео Дармијан. Точка на победата на „нераѕурите“ стави Алексис Санчез во 80.минута.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев влезе во игра во 62-та минута од натпреварот. За Џенова ова беше прв пораз по седум натпревари во Серија А.