„Ил Месаџеро“: Мурињо донесе одлука – си оди од Рома

Веќе подолго време се шпекулира дека најконтроверзниот тренер на светот, Жозе Мурињо ќе си замине од Рома, се поврзуваше со Пари Сен Жермен, па и Реал Мадрид, но Португалецот постојано демантираше дека планира такво нешто. Но, според „Ил Месаџеро“, овојпат донел конечна одлука – завршува со авантурата во „вечниот град“.

Според познатиот весник, Мурињо својата одлука ќе ја соопшти после финалето во Лига Европа во среда, во која ќе брка втор европски трофеј со Рома во втора година поред, а шести за него. Севилја е противник на Рома, која лани ја освои Конференциската лига.

Причина за заминувањето на Мурињо според информациите се разликите за плановите за иднината на клубот, особено за засилувањата и повисоките амбиции, а тоа излегло на површина со различните ставови на директорот Тијаго Пинто кој тврдеше дека целта на Роам сезонава е ЛШ (достижна е со освојување на Лига Европа), а Мурињо демантираше велејќи дека пред од два-три месеци постојано посочува дека нема тим „волчицата“ да игра паралелно на два фронта.

Рома има серија од седум меча без победа во Серија А и се откажа од трката за ЛШ од поодамна, фрлајќи сѐ на картата да се освои нов европски трофеј.