„Игуаин никогаш не кажа дека сака да замине, ја чекаме неговата одлука!“

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо пред дуелот во Суперкупот против Јувентус најмногу зборуваше за напаѓачот Гонзало Игуаин.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Аргентинецот се наоѓа на чекор од Челси, а постоеше можност да не игра и утре против Јувентус.

Сепак, Гатузо ги демантираше шпекулациите и порача дека Игуаин никогаш не му кажал дека сака да замине, но уште ја чека неговата одлука.

„Морам да повторам. Постојат многу шпекулации, но Игуаин добро тренира, се забавува со останатите соиграчи и е достапен за натпреварот. Ќе видиме утре дали ќе настапи или не. Тој мора да реши како ќе ги надмине проблемите кои ги има, но во моментов се однесува како професионалец. Сакам да кажам дека никогаш не ми соопштил дека сака да замине, ја чекам неговата одлука“, кажа Гатузо.