Ибрахимовиќ: Немав поим за Пиоли, во Милан секој ден учите нешто ново

Раководството на Милан очигледно добро ја чуваше тајната за продолжувањето на договорот на тренерот Стефано Пиоли.

Човекот кој требаше да биде само привремена замена на клупата до крајот на оваа сезона, успеа да ги импресионира челниците на „росонерите“ и поптиша нов договор до јуни 2022 година.

Милан има неверојатен напредок во играта и резултатите откако Пиоли седна на клупата во октомври како замена за Марко Џампаоло. Поради ова клубот ги прекина и преговорите со Ралф Рангник, кој требаше да дојде до Лајпциг во двојна улога како тренер и спортски директор.

Информацијата дека Пиоли останува уште две сезони го изненади и Златан Ибрахимовиќ.

„Не знаев ништо за Пиоли. Секој ден учите нешто ново во Милан. Јас работам напорно, тимот се чувствува добро и има одлична атмосфера. Откако сум тука, табелата вели дека треба да бидеме втори“, изјави Ибрахимовиќ откако ги постигна победничките голови против Сасуоло синоќа.

Иднината на Ибрахимовиќ во Милан и натаму не е јасна, бидејќи тој има договор со клубот до завршувањето на сезоната, а тоа е уште десет дена. Дали челниците на „росонерите“ ќе одлучат да го задржат ветеранот или останува да видиме.