Ибрахимовиќ итно се врати во Милан по дебаклот против Интер (ФОТО)

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ е загрижен за неговиот поранешен тим Милан, кој загуби во градското дерби од Интер со 1-5 пред неколку дена, па затоа решил да му се приклучи на тренерот Стефано Пиоли на тренингот пред средбата против Њукасл.

Ибрахимовиќ замина во пензија на крајот на минатата сезона, но сè уште е дел од семејството на Милан и решил да ги мотивира фудбалерите на калчолигашот пред дербито во Лигата на шампиони (ЛШ).

Швеѓанецот во два мандата го носеше дресот на „росонерите“, а во вториот му помогна на Милан да го освои Скудетото.