Ибрахимовиќ го има најубавиот гол во МЛС-лигата! (ВИДЕО)

Фудбалерот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ, доминираше во минатата сезона во МЛС-лигата, па доби неколку награди.

Ибра во МЛС стигна во март и како што се очекуваше - беше фантастичен во текот на цела сезона. Најдобар доказ за тоа е што е номиниран за дури три награди во американската лига.

Не е уште избран за најкорисне фудбалер во лигата, но е избран за новајлија во лигата, а сега беше објавен и најубавиот погодок, а тоа е секако ремек-дело на Швеѓанецот, кој постигна 21 гол на 25 натпревари.