Ибрахимовиќ номиниран за три награди во МЛС-лигата!

Крајот на регуларниот дел од сезоната во МЛС-лигата е блиску, а објавени се и кандидатите за неколку награди кои ќе бидат доделени на крајот на годината.

Меѓу кандидатите за најмногу награди се наоѓа и Златан Ибрахимовќ, кој во МЛС-лигата стигна во март годинава откако го напушти Манчестер јунајтед.

Ибра во 2018. Година настапи 25 пати за Лос Анџелес галакси и успеа да постигна 21 гол и шест асистенции.

Швеѓанецот се наоѓа помеѓу кандидатите за награда за „МВП“, која ја носи името на легендарниот Лендон Донован. А, исто така Ибра е номиниран за „новајлија на годината“, како и „повратник на годината“ бидејќи во Лос Анџелес стигна по тешка повреда на коленото.