Ибра е главен во Милано: Го „потопи“ Интер и му донесе три бода на Милан (ВИДЕО)

Милан славеше во големото италијанско дерби против Интер со 2-1 во четвртото коло, а херој на „росонерите“ беше Златан Ибрахимовиќ, кој постигна два гола.

„Росонерите“ добија пенал во 12. минута, но Ибрахимовиќ не го искористи, односно неговиот шут од белата точка го одбрани Самир Хандановиќ. Сепак, одбиената топка повторно дојде до Швеѓанецот кој погоди за 1-0.

Ибра само четири минути подоцна погоди и вторпат во мрежата на Интер за водство од 2-0, по што Ромелу Лукаку по одлична акција на „нераѕурите“ намали на 1-2.

И во второто полувреме во водеше израмнета борба меѓу екипите, односно и двата тима создадоа по пет шанси, но мрежите мируваа.

Милан по четири одиграни кола има четири победи и се наоѓа на прво место со 12 бодови, додека Интер е на шестата позиција со седум бодови.

Сампдорија во вториот меч вечерва славеше со убедливи 3-0 против Лацио.