Иако беше отпишан во Јуве: Сари смета на Игуаин

Маурицио Сари официјално беше претставен како нов тренер на Јувентус со кого потпиша тригодишен договор. Напаѓачот Гонзало Игуаин беше отпишан во Јувентус, но новиот тренер на „старата дама“ успешно соработуваше со него во Наполи и Челси и затоа се уште смета на него.

„За иднината на некој играчи ќе морам да зборувам со управата на клубот за да видам кои се нивните планови. Со Игуаин одлично соработував во Наполи и тој е одличен напаѓач. Минатата сезона имаше доста проблеми затоа што играше и во Наполи, па потоа дојде во Челси. Верувам во него и мислам дека може уште три, четири години да игра на врвно ниво“, изјави Сари.