
И да остане во Барселона, Тер Штеген ќе биде деградиран
Германецот засега одбива да го направи тоа, пред се богатиот договор и загарантираните 42 милиона евра во следните три сезони, но јасно е дека неговиот статус, дури и ако остане, нема да биде ист како досега. Последната сезона тој играше многу малку, осум месеци беше повреден, но сепак ја носеше капитенската лента и ги крена освоените трофеи.
Во новата сезона речиси сигурно тоа нема да биде случај бидејќи силен е притисокот врз Ханси Флик да му го одземе капитенскиот статус на Тер Штеген. Ако тој не биде прв голман, нема никаква цел да биде капитен на тимот, но интересно е тоа што ниеден од неговите заменици (Араухо, Де Јонг, Рафиња и Педри) во моментов не е фаворит за преземање на лентата.
Во прв план во моментов е ветеранот Ињиго Мартинез кој зад себе има фантастична сезона во која покажа дека може да биде лидер на теренот. Стоперот можеби нема да ја прифати улогата, но и фудбалерите и навивачите се сигурни дека тој би бил најдобар избор во моментов.