
Чистка во Битола: Пелистер се раздели со осум фудбалери!
Денеска клубот објави дека се разделува со дури осум фудбалери на кои им завршија договорите. Така дел од клубот повеќе не се: Дејан Ѓуриќ, Захар Тарасенко, Фернардо Брито Карваљо, Масааки Такахара, Бојан Спиркоски, Виктор Серафимовски, Даниел Карчески и Стефан Костов.
Претходно Пелистер направи промени и во раководството каде што пристигнаа нови лица, а сменет беше и тренерот Срѓан Захриевски и на негово место дојде Димитар Капинковски.