Мареска збесна по циркусот на клупското СП: Ова не е фудбал!

Челси славеше против Бенфика во осминафиналето на клупското Светско првенство (СП), меѓутоа тренерот Енцо Мареска не беше задоволен и испрати критики до организаторите.

Натпреварот меѓу Челси и Бенфика траеше пет часа поради прекинот кој се случи во завршницата од дуелот поради најавата за невреме, а тоа го изнервира Мареска.

„Среќен сум што победивме, но тука се случуваат работи кои не можам да ги прифатам. Ова е шега, ова не е фудбал. Разбирам дека натпревар треба да се прекине поради безбедносни причини и ја поздравувам одлуката, меѓутоа тогаш изгледа дека ова не е вистинско место за играње фудбал. Да се прекине меч на два часа не е нормално“, кажа Мареска.

Премиерлигашот во четвртфинале ќе се соочи против бразилски Палмеирас.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club