
Погба не издржа: Се расплака додека го потпишуваше договорот со Монако (ВИДЕО)
Погба со Монако потпиша договор на две години, а емоциите за него поради се што помина во претходниот период беа пресилни за него.
„Ова ми значи се. Поминав низ многу мрачни денови, но верував дека ќе се вратам. Монако ми даде шанса и нема да ја прокоцкам“, изјави поранешниот фудбалер од средниот ред на Јувентус и Манчестер јунајтед.
Ќе потсетиме, Погба во август 2023 година падна на допинг тест и првично беше суспендиран ан четири години, но потоа казната му се намали на 18 мееци и доби прилика да е врати. Последниот официјален натпревар Французинот го одигра во дресот на Јувенту пред 658 дена.
🥹❤️ pic.twitter.com/rYySxcFEKW
— AS Monaco EN 🇲🇨 (@AS_Monaco_EN) June 28, 2025