Храбар или луд потег на Наполи: Елмас и соиграчите наредната недела стартуваат со тренинзи!

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Елиф Елмас, од наредната недела продолжува со тренинзите во Наполи, потврдија од клубот.

Италија се уште е во хаос околу епидемијата на коронавирусот и малкумина кои во моментов размислуваат за фудбал, но Наполи смело го најави продолжувањето на работата.

Иако сите клубови добија препораки да чекаат барем до април, од Наполи најавија дека избраниците на Џенаро Гатузо ќе започнат со тренинзи во среда, на 25. март, во центарот „Кастел Волтурно“.

Првиот тим ќе започне со тренинзи во среда наутро, се вели во соопштението.

Според некои проценки, натпреаврувањето во Италија најверојатно нема да продолжи пред почетокот на мај.