Од денеска важи „Законот на Винисиус“ - ќе се делат црвени картони на СП!
ИФАБ е најстарото тело одговорно за утврдување и измена на правилата на фудбалската игра. Оваа организација потврди две правила кои стапуваат на сила од Светското првенсво кое почнува денеска со мечот меѓу Мексико и Јужна Африка од 21 часот.
Причина за промена на едно од правилата е инцидентот меѓу Винисиус и Престијани.
ФИФА во Ванкувер го донесе правилото кое го нарече „Законот на Винисиус. А тоа гласи: Секој кој ќе ја покрие устата додека зборува со противнички играч ќе добие црвен картон.
На мечот меѓу Реал Мадрид и Бенфика, Престијани со прекриена уста му зборуваше нешто на Винисиус. Бразилецот тврдеше дека се работи за расизам, а Арегнтинецот демантираше. Никој не може да каже што е вистина поради прекриената уста. Отсега тоа не може да се случува.
Второто правило е направено поради случувањата на мечот меѓу Сенегал и Мароко од финалето на Африканскиот куп.
Правилото гласи дека секој играч кој ќе го напушти теренот во знак на некаков протест, автоматски добива црвен картон од судијата.