Рекордот на Клосе во опасност - му го меркаат Меси и Мбапе
Од 2014 година, на чело е поранешниот германски репрезентативец Мирослав Клосе кој тогаш го помина Роналдо да Лима и застана на чело со 16 гола. Многу лесно рекордот може да падне, а најблиску до тоа да го соборат се Лионел Меси и Килијан Мбапе.
Аргентинецот во моментов го дели четвртото место со Жист Фонтен со 13 гола, а пред него се Герд Милер со 14, Роналдо да Лима со 15 и Клосе со 16. На Меси му требаат три гола за да се израмни и четири да го помине Клосе што, со оглед на релативно лесната група, се чини изводливо.
Мбапе е на делба на шестото место со Пеле со по 12 гола, но на само 14 одиграни натпревари. На францускиот ас му недостасуваат четири гола за да се израмни со Клосе и пет да го помине, но извесно е дека тој ќе има најмалку уште едно светско првенство во кариерата затоа што во моментов има само 27 години.
Од фудбалерите кои ќе играат на ова Светско првенство, најблиску до Меси и Мбапе се Кејн, Нејмар и Роналдо, сите со по осум постигнати голови.