Навивачите на Њујорк бетер од Балканци – го погодија Венбањама со јајце во глава (ВИДЕО)

Екипата на Сан Антониос спарс се најде на работ од бездната во финалето од плејофот во НБА, откако го загубија четвртиот меч во серијата со Њујорк никс (106-107) и тоа во меч во кој во третиот период имаше дури и плус 29 (52-81).

Потоа на терен како да излезе друг тим, па домаќинот го искористи тоа и со историски пресврт и кош во последната секунда дојде до триумф и водство со 3-1 во победи.

Катастрофалната вечер за гостите од Тексас продолжи и по враќањето од салата кон хотелот, каде што беа пречекани од стотина навивачи на „никси“. Најлошо помина најголемата ѕвезда на „спарси“, Виктор Вембањама, кој беше удрен со јајце по глава.