Хофенхајм и Леверкузен без многу борба си поделија по еден бод (ВИДЕО)

Хофенхајм и Баер Леверкузен одиграа здодевен натпревар без многу возбудувања на теренот, а резултатот беше 0-0.

Првото полувреме помина само со две шанси, и тоа од страна на гостите, од кои еден шут беше само во рамките на голот, додека во вториот дел се играше малку поактивно, но притоа не беше постигнат ниту еден гол.

Леверкузен има 44 бодови и се наоѓа на шестата позиција, додека Хофенхајм е на 12. место со 31 бод.