
Хет-трик за Калверт-Луин: Евертон со пет гола го „потопи“ ВБА (ВИДЕО)
Гостинскиот тим тргна добро во мечот и по 10 минути поведе со 1-0, но набрзо Калверт-Луин израмни на 1-1, по што Хамес Родригез погоди за пресврт (2-1).
Токму тогаш се создаде и хаосот на теренот, откако Хамес нешто му кажа на Кјеран Гибс, кој реагираше бурно и му удри шлаканица на противникот, по што беше исклучен. Малку подоцна, црвен картон заработи и тренерот на гостинскиот тим, Славен Билиќ, кој со пцовки го нападна судијата Мајк Дин.
Во второто полувреме ВБА повторно се враќа во игра и израмни на 2-2 преку Переира, но нивната радост кратко траеше бидејќи Кин во 54. минута стрелаше за 3-2, а потоа Калверт-Луин со два гола го комплетираше хет-трикот и ги постави конечните 5-2.