Хаос во Германија: Полиција тепаше навивачи поради симбол на Курдистан (ВИДЕО)

Во регионалната лига на Германија на мечот меѓу Туркучу Минхен и резервистите на Баерн Минхен беше забележан вистински скандал, по што мораше да интервенира полицијата која без милост истепа неколку фанови.

Според германски „Спорт1“ дел од навивачката група „Баерн фан-клуб Курдистан“ имале знамиња со симболи на Курдистан и тоа предизвикало немир меѓу навивачите. Веднаш потоа следеше реакција од полицијата која уапси неколку лица.

Според медиумите, во полициската интервенција се повредени неколку лица, меѓу кои и деца.