Хаос во Бреша: Ултрасите го прекинаа баражот, па се испотепаа со полицијата (ВИДЕО)

Поранешниот италијански калчолигаш бреша после 38 години ќе игра во третолигашка конкуренција (Серија Ц) откако денеска испадна во баражот со ремито 1-1 против Козенца, меч кој официјално не го дочека крајот на мечот.

Ултрасите на Бреша со пиротехника и десетици факли во судиското надополнување, безмалку секунди пред судијата да означи крај, го прекинаа мечот. Арбитарот не се ни двоумеше да свирне крај откако после факлите, во теренот влетаа и хулиганите.

И тоа беше момент да се означи комплетниот хаос, на теренот, а потоа да се прелее насилството и пред стадионот. Ултрасите влегоа во жестока тепачка, а според информациите на италијанските медиуми има и запалени автомобили пред стадионот.

Козенца победи со вкупни 2-1 откако го искористи домашниот терен за триумфот со 1-0 и таа победа се покажа како клучна во овој бараж за опстанок во Серија Б.