Гвардиола за трката со Арсенал: Ние знаеме како се освојуваат титули!
Сити денеска му гостува на Челси, а потоа на програмата е големото дерби со Арсенал кое може да биде и одлучувачко за титулата.
„Знаеме што е потребно за да се освои титулата. Мора да се победи на секој натпревар и ние го направивме тоа во минатото. Способни сме да го направиме тоа повторно и можеби точно знаеме што треба да направиме за да ја освоиме титулата. Не сме седми или осми во Премиер лигата како минатата сезона, ние сме втори и се бориме“, рече Гвардиола.
Манчестер Сити има девет бода помалку од Арсенал, но и два натпревари помалку, а имаат и меѓусебен дуел кој ќе се игра на Етихад.