Роналдо: Имаме играчи, имаме добар селектор - Бразил може да го освои Светското!
Бразилците беа неконкурентни во изминатите години, но сега ги имаат сите предуслови за да се надеваат на најголем резултат.
„Го имаме Вини од Реал Мадрид, Рафиња од Барселона, Естевао од Челси. Сите тие се одлични, истапуваат во големите Европски клубови, имаат веќе искуство“, вели Роналдо.
„Мислам дека можеме да го освоиме СП, навистина верувам во работата на Анчелоти, еден од најголемите и најуспешните тренери во фудбалската историја“.
„Верувам дека можеме да бидеме шампиони. Ќе биде многу тешко? Да, но имаме шанси. Имаме повеќе шанси од 95% од националните тимови“.