Историја во Бундеслигата: Унион Берлин назначи жена за прв тренер!
Таа со тоа влезе во историјата како прва жена што ќе води тим како главен тренер во Бундеслигата. Ова не е нејзин прв ваков исчекор, откако во ноември 2023 година стана и прва жена асистент тренер во Унион Берлин.
Ета веќе има кусо искуство како прв тренер со оглед што пред две години го водеше тимот на Унион Берлин на еден натпревар и тоа против Дармштаг, кога тогашниот стратег Ненад Бјелица беше суспендиран.