Бизарна приказна: Имаше право за настап за три селекции, ама со четврта ќе настапи на СП!
Со тоа, 30-годишниот чувар на мрежата доби право да настапува за норвешката репрезентација, но за конечна потврда ќе биде потребно и одобрение од ФИФА, бидејќи во минатото играше за младинските селекции на Русија. Хајкин има необична животна приказна – роден е во Израел во руско семејство, како мал се преселил во Москва, а фудбалската кариера ја започнал во Англија. Освен израелско и руско, поседува и британско државјанство, па со норвешкото сега има вкупно четири пасоши.
„Дојдов во Норвешка во 2019 година без да знам што ме очекува. Оттогаш поминав многу со клубот – од борба за титули до незаборавни европски вечери. Ова е неверојатно патување и ми значи многу. Бодо и Норвешка станаа мој дом“, изјави Хајкин.
Се очекува тој да се најде на списокот на селекторот Столе Солбакен за претстојниот Мундијал, каде ќе конкурира со Орјан Ниланд, кој има променлива сезона во Севилја. Конечната одлука, сепак, ќе ја донесе ФИФА, која треба да даде зелено светло за промена на спортското државјанство.
ФОТО: EPA PHOTO