Ендрик има бизарен брачен договор - не може да има девојка ниту во ГТА!
Двојката ја сподели среќната вест за бременоста на социјалните мрежи во петокот. Миранда објави трогателно видео и фотографии од себе како ја слави бременоста со својот сопруг. 19-годишниот Ендрик и 23-годишната Миранда се венчаа во септември 2024 година, помалку од една година откако се запознаа.
Двојката претходно откри дека пред бракот потпишале „договор за врска“, кој содржел низа правила и ветувања. Клаузулите наводно вклучувале забрана за развивање зависности или драстични промени во однесувањето, како и обврска да се каже „Те сакам“ во сите ситуации.
Една од побизарните клаузули наводно била забраната Ендрик да има „виртуелна девојка“ во видео играта ГТА (Grand Theft Auto V). Договорот, исто така, наводно му забранувал на фудбалерот да коментира на профилите на други девојки на Инстаграм и предвидувал врската да се темели на „почитување, разбирање и наклонетост“.
Ендрик одлично почна во Лион, брзо даде хет-трик во победата од 5-2 над Мец. Но, во последните недели има пад во формата за што доби критики и од тренерот Пауло Фонсека.