Јуве го искористи киксот на Милан, борбата за ЛШ се разгорува (ВИДЕО)
„Бјанконерите“ славеа на незгодното гостување кај Аталанта со 1-0 и сега имаат 60 бода, три помалку од Милан кој се наоѓа на четвртото место. Комо својот натпревар против Интер ќе го одигра утре по што ќе се знае дали Јуве ќе биде во топ-4.
По летаргичното прво полувреме во кое не се случи ништо важно, единствениот гол на мечот го постигна Бога во 48. минута. Тој погодок предизвика голема борба на теренот, но не и промена на резултатот до крајот на мечот.
Како што сега стојат работите, за пласман во Лигата на шампионите ќе одлучува дуелот меѓу Милан и Јувентус на 26 април на Сан Сиро иако не е исклучено двете екипи да обезбедат место во елитното натпреварување, за сметка на Комо.