Севиља ги искористи експериментите на Симеоне и дојде до важна победа за опстанок (ВИДЕО)

Екипата на Севиља славеше важна победа од 2-1 против Атлетико Мадрид во рамките на 31. коло од Ла Лига.

Херој на натпреварот беше српскиот репрезентативец Немања Гудељ, кој во судиското продолжение од првото полувреме го постигна победничкиот гол со удар со глава по корнерот на Рубен Варгас. Претходно, домаќините поведоа уште во десеттата минута преку Акор Адамс од пенал, додека за Атлетико израмни дебитантот Хавиер Бонхар во 35. минута.

Тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне, настапи со комбиниран состав, одморајќи ги главните играчи пред реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Барселона.

Со оваа победа, Севиља ја прекина серијата од три порази и вкупно пет меча без победа и се оддалечи од опасната зона, додека Атлетико го запиша третиот пораз во низа, но останува стабилен на четвртата позиција на табелата.