Еспањол беше лесен залак: Барселона чекори кон титулата во Ла Лига
Феран Торес стрелаше два пати на стартот на натпреварот, и тоа два пати по асистенција на Ламин Јамал за предност од 2-0.
Торес погоди и трет пат, но ВАР-технологијата му го поништи голот поради офсајд. Потоа во листата на стрелци се запиша и Лозано кој намали на 1-2.
Екипата на Ханси Флик не дозволи да го прокоцка водството и во завршницата погоди уште два пати, и тоа преку Јамал и Маркус Рашфорд за победа од 4-1.
Барселона е прва во лигата со 79 бодови, односно девет поени повеќе од Реал Мадрид на седум кола пред крајот.
Фото: Barcelona FC/Facebook