Пелистер го надигра Маџари и стави крај на лошата серија

Кошаркарите на Пелистер конечно победија во Првата лига, откако вечерва го надиграа Маџари со 84-72.

Маџари беше подобар во првата четвртина и ја доби со 20-17, додека битолчани успеаја да направат пресврт до крајот на полувремето (42-38).

Пелистер целосно го надигра Маџари во третата четвртина (26-14), со што го направи првиот чекор кон победата, а до крајот успешно ја бранеше предноста и славеше со 84-72.

Најефикасен во редовите на битолскиот тим беше Џенкинс со 30 поени, додека Армстронг постигна 18 поени за Маџари.