Ливерпул го реши Фулам и направи чекор напред кон пласман во ЛШ (ВИДЕО)

Актуелниот англиски шампион Ливерпул им се врати на победите во Премиер лигата, откако вечерва триумфира со 2-0 против Фулам во 32. коло.

Двете екипи понудија интересен фудбал од самиот почеток, а Ливерпул искористи две од шансите од 36. до 40. минута преку Рио Нгумоа и Салах за предност од 2-0.

Фулам заигра за нијанса подобро од првото полувреме и имаше неколку добри шанси, меѓутоа Мамардашвили успеа да ја зачува мрежата (2-0).

Ливерпул останува на петтата позиција со 52 бодови, додека Фулам е на 11. место со 44 поени.

Фото: Liverpool FC/Facebook