Анчелоти не го отпишал Нејмар: Има уште два месеци да заслужи место на СП
Анчелоти кажа дека бразилскиот фудбалер има уште два месеци да докаже дека ги има потребните квалитети за да добие повик за настап на Светското првенство (СП).
„Нејмар е голем талент и може да ни помогне да го освоиме Мундијалот. Во моментов го следиме неговиот напредок, има два месеци да покаже дека ги има квалитетите за настап на турнирот. по повредата на коленото, Нејмар добро се врати и постигнува голови. Сега е на добар пат“, кажа Италијанецот.
Бразил е во групата Ц со Мароко, Хаити и Шкотска на СП.