Страшен судир во Ф4: Србин учествуваше во карамбол во Валенсија (ВИДЕО)

Тешка незгода се случи на трката во Формула 4 во Валенсија, а во тоа учествуваше и српскиот возач Андреј Петровиќ.

Инцидентот беше забележан на почетокот на трката на патеката „Рикардо Тормо. Најпрво се судрија два болиди, а потао Петровиќ налета на еден од нив.

Во несреќата учествуваше уште еден возач кој со голема брзина се удри во болидот на Петровиќ, но за среќа никој не се здобил со тешки повреди.

Инцидентот може да се забележи на 39.03 на видеото во продолжение.