Гвардиола потрошил две милијарди евра на засилувања само во Манчестер сити
Со трансферот на Антоан Семењо од Борнмут за 72 милиони евра во Манчестер сити, Гвардиола стана првиот тренер во историјата кој потрошил повеќе од две милијарди евра на засилувања, и тоа само во еден клуб.
Гвардиола пристигна во Англија во 2016 година, по што му донесе неколку титули на гигантот од „Итихад“, но тоа немаше да стане реалност ако не се трошеа многу пари во изминатите години.
