Гвардиола: Не реков дека заминувам од Сити, може да потпишам нов договор!

Пеп Гвардиола ја објаснува неговата изјава од пред неколку месеци која речиси сите ја сфатија дека ќе замине по наредната сезона.

Шпанскиот тренер не исклучува да потпише нов договор со Манчестер Сити.

„Апсолутно не исклучувам дека ќе потпишам нов договор со Сити. Јас реков дека сум поблиску до заминување од Сити, но не реков дека заминувам од Сити“, објаснува Гвардиола.

„Сакам да бидам сигурен дека клубот се движи во вистинска насока, не само за мене, туку и за играчите“.

„Во Манчестер Сити сум осум години. Па нема да бидам тука и во наредните осум, затоа реков дека поблиску сум до заминување отколку до останување. Но не реков дека заминувам“.