Гвардиола: Морам да внимавам на фудбалерите како родител на своите деца

Манчестер сити нема најдобар почеток на сезоната во Премиер лигата, а тренерот Пеп Гвардиола кажа дека мора да внимава на своите фудбалери во секој момент.

„Граѓаните“ ќе се соочат против Хадерсфилд во Лига Купот, а листата на повредени фудбалери постојано се зголемува, па Гвардиола посочи дека мора да внимава на играчите како родител на своите деца.

„Прво доаѓа борбениот дух кој го покажавме во неделата. Сепак, мора да внимаваме како родители на своите деца. Имаме стабилен тим и како ќе се враќаат повредените фудбалери, така ќе стануваме сè подобри“, кажа Гвардиола.

Поранешниот англиски шампион во моментов се наоѓа на деветтата позиција во лигата со седум освоени бодови.

Фото: Manchester City/FB