Гвардиола: Ќе ја освоиме титулата во Премиерлигата!

Манчестер сити падна до третото место во Премиерлигата, но тренерот Пеп Гвардиола смета дека ќе станат англиски шампиони на крајот на сезоната.

Гвардиола е задоволен со играта на неговите избраници и верува дека ќе завршат на првото место во лигата.

„Во моментов чувствувам дека ќе ја освоиме титулата во Премиерлигата. Ако играме на нивото како против Ливерпул и Тотнем, повторно ќе бидеме шампиони“, вели Гвардиола.