Гвардиола иронично му ја „честиташе титулата“ на Ливерпул

Манчестер сити доживеа шокантен пораз од Норвич со 2-3, па тренерот Манчестер сити по мечот на прес-конференцијата реши иронично да му ја „честита титулата“ на Ливерпул.

Ливерпул вчера славеше со 3-1 против Њукасл, па сега има пет бода повеќе од „граѓаните“ на табелата во Премиерлигата.

„Имаме пет бодови помалку од Ливерпул, но уште е почеток. Што треба да направам? Можеби треба да кажам ‘Честитам Ливерпул, шампиони сте’. Ниту во една секунда не се сомневам во своите фудбалери“, порача Гвардиола.

Гвардиола не криткуваше ниту еден од своите фудбалери, иако „граѓаните“ направија многу грешки против Норвич.