„Гудисон“ останува маѓепсан за Челси: Евертон минимално го голема победа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Евертон со еден, злато вреден гол го совладаа Челси во вечерашната дерби-пресметка против Челси (1-0) со што направи исчекор на табелата и се врати во конкуренција на тимовите кои ќе водат жестока борба за место во европските купови.

За лондонци, пак, продолжува кошмарот наречен „Гудисон парк“, каде што го претрпеа четвртиот пораз по ред, а каде што немаат победа уште од април 2017 година. Средбата беше решена уште во 22. минута со голот на Сигурдсон од пенал, по прекршокот на голманот Менди врз Калверт-Луин. Во второто полувреме малку фалеше домаќинот да добие втор удар од белата точка, каде што прво покажа судијата , но потоа ја поништи својата одлука со оглед што имало офсајд пред спорната ситуација.

Челси до крајот имаше неколку можности за изедначување, од кои најсериозна беше ударот на Маунт од слободен удар, кога ја погоди стативата од голот на Пикфорд. Лондонци со ова ја пропуштија можноста барем привремено да се искачат на врвот од табелата во Премиер лигата, па со 22 бодови остануваат трети, зад Тотнем и Ливерпул кои имаат по два повеќе. Евертон, пак, сега е седми со 20 бодови.