Грифо промаши пенал: Фрајбург со бод се враќа од Берлин

Унион Берлин и Фрајбург одиграа натпревар исполнет со многу шанси во 10. коло од Бундеслигата, но двете екипи не постигнаа ниту еден гол.

Најголемата шанса на мечот ја имаше Винченцо Грифо од редовите на Фрајбург, меѓутоа не беше прецизен од пенал во 21. минута.

Во продолжение од средбата двете екипи се закануваа, но ниту една не успеа да ги реализира шансите.

Фрајбург остана на четвртата позиција со 17 бодови, додека Унион Берлин е на седмото место со 16 поени.