
Готово е: Шкрињар потпиша за ПСЖ!
Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Шкрињар ставил потпис на соработка, која ќе почне да важи од јули, а Интер ќе остане со празни раце, иако можеше да го продаде дефанзивецот минатото лето за 60 милиони евра.
Засега не се познати повеќе детали од неговиот договор, но наскоро се очекува да бидат објавени.