Готово: Арсенал постигна договор за еден од најважните потписи!

Според последните информации од Лондон во редовите на Арсенал се е подготвено за еден од најважните потписи во тимот.

Имено, Букајо Сака како што известуваат островските медиуми прифатил нов договор и ќе се обврзе на соработка со „топџиите“ до 2031 година што секако е голема вест за навивачите на лидерот во Премиер лигата.

Сака не само што е еден од најважните фудбалери на Арсенал, исто така тој е помеѓу најдобрите во светот на својата позиција, па поради тоа неговото останување е од голема важност.

Покрај тоа тој има само 24 години и пред него се уште многу години во кои може да игра на највисоко ниво. Во својата досегашна кариера, Сака вкупно учествувал во 104 премиерлигашки голови во 250 настапи за Арсенал. Кога е актуелната сезона во прашање, седум пати се запиша во листата на стрелци.