Голот на Рашфорд не беше доволен за триумф: Јунајтед ремизираше со Ливерпул (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед ја продолжи серијата без триумф во Премиерлигата, откако денеска на домашен терен во деветтото коло одигра 1-1 против Ливерпул.

„Црвените ѓаволи“ играа добро во првото полувреме, па стигнаа до водство во 36. минута преку Маркус Рашфорд, а Ливерпул не успеа да се врати во игра, иако имаше неколку добри шанси.

Во второто полувреме Ливерпул доминираше на теренот, па до израмнување стигна во 85. минута, по што во последните неколку минути имаше опсада на голот на „ѓаволите“, но не успеаа да направат целосен пресврт.

Ливерпул останува лидер во Премиерлигата со 25 бода по девет кола, односно шест бода повеќе од Манчестер сити, додека Јунајтед се наоѓа на 13. Место со 10 бодови.