Голман доби црвен картон откако одбрани два пенали, па на голот застана играч и тој фати пенал (ВИДЕО)

Во Третата турска фудбалска лига се случи невидена лудница. Голманот на Усакспор, Ерсин Ајдин успеа да одбрани два пенали во 90-тата минута против Ергене Велимеше, но тука не застанаа возбудувањата. 

 Ајдин го одбрани првиот обид на противникот од белата точка, но судиите го повторија пеналот и му доделија жолт картон на голманот, бидејќи предвреме ја напуштил гол-линијата. Ајдин го одбрани и вториот пенал, но судијата повторно го поништи и му даде втор жолт картон на голманот. Потоа ракавиците ги презема фудбалер, па и тој успеа да го одбрани пеналот на гостите. Навистина неверојатни сцени.

Усакспор имаше водство од 2-0, па гостите и да постигнеа гол немаа време да се спасат од пораз.