Голеада во Реџо Емилија: Интер го одржува чекорот со Јувентус (ВИДЕО)
Гостите поведоа уште на самиот почеток со голот на Лаутаро Мартинез во втората минута, но преку Берарди Сасуоло израмни на 1-1. Ново водство на „нероазурите“ им донесе Ромелу Лукаку во 38. минута, а седум минути подоцна истиот играч од пенал зголеми на 3-1.
Во 71. минута Лаутаро зголеми на 4-1 и се чинеше дека работата е веќе завршена, но истото не го мислеше и домаќинот, кој преку Ѓуричиќ и Бока намали на 3-4 и најави неизнесна завршница во последните десетина минути. Сепак, Сасуоло не успеа да дојде до голем бод од овој меч иако имаше уште неколку изгледни шанси за такво нешто.
Интер со 21 бод е на второто место на табелата, еден помалку од лидерот Јувентус, додека четири повеќе во однос на третопласираната Аталанта.