
Го бранеше голот на Манчестер јунајтед, а сега има успешна кариера во мотоспортот!
Поранешниот голман бранеше на 139 меча за „црвените ѓаволи“, но фудбалот повеќе не е главна работа за него, туку им се посвети на другите соништа.
Бартез веќе неколку години се занимава со мотоспорт и е сопственик на една од екипите кои се натпреваруваат на легендарната трка Ле Ман, која трае 24 часа.
Бартез и годинава ќе биде дел од трката, и тоа по четврти пат во својата кариера во мотоспортот. Тој во 2013 година стана ГТ шампион на Франција, по што создаде тим и целосно му се посвети на спортот.
„Секогаш бев фасциниран со мотоспортот, дури и кога играв фудбал. Едноставно, од секогаш ме привлекуваше“, вели поранешниот голман.